Меморандум за соработка меѓу Воздухопловната федерација и здружението „Без ограничување“

Воздухопловната федерација на Македонија и Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Бег ограничување“ денеска ќе потпишат Меморандум за соработка.
Покрај потпишување на Меморадумот ќе биде промовирано тандем одело за воздухопловни летови за лица со параплегија и квадриплегија, набавено со соработка на Вoздухопловната федерација на Франција , а финансирана со средства преку програма на Агенција за млади и спорт, за учество на спортисти на Меѓународни натпревари.
Оделата за тандем скокови со падобран и тандем летови со параглајдер за лицата со параплегија и квадриплегија се набавени од Воздухопловната федерација на Македонија со поддршка од Агенција за млади и спорт, Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“и Аеро Клуб Скопје.
Воздухопловна федерација на Македонија,Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Аероклубот Скопје планираат да спроведат проект „Небото нема oграничувања“ кој воздухопловните спортови ќе ги приближи до сите граѓани.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
