Меморандум за разбирање во одбранбената соработка со САД

Владата ќе потпише меморандум за разбирање во одбранбената соработка со САД.
На денешната владина седница е разгледана и усвоена Информација за потребата од потпишување на меморандум за разбирање во областа на одбранбената соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави’’. Во име на Владата меморандумот ќе го потпише вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, соопшти владината прес-служба.
На седницата е усвоена и Информација за плановите за учество на држвава во силите на НАТО за обезбедување на источните и југоисточните граници на Алијансата – Зајакнато истурено присуство. Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата добиле задолжение да спроведат консултации и да почнат планирачки процес со Обединетото Кралство, за учество со две лица – штабен персонал во борбената група распоредена во Естонија, а со придонесот да се почне до крајот на годинава, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
