„Мемоарите на една млечка“ - нов роман од Блаже Миневски
Романот „Мемоарите на една млечка“ од истакнатиот македонски писател Блаже Миневски излезе од печат деновиве во издание на „Матица македонска“.
За изданието се вели дека е возбудливо прозно остварување со кое авторот ја продолжува својата прозна определба да пишува за круцијални теми со универзални пораки.
Во препораката на романот, Раде Силјан пишува дека „приказната на „Мемоарите на една глуварка“ е сместена во еден неодреден простор на Балканот, заграден со стари манастири, напуштени села и гробишта, иако читателот веднаш може да ја препознае Македонија.
- Преку метафората за глуварката авторот го отсликува животот заробен во вителот на балканските историски ветришта, создадени од миграциите, уривањето на социјализмот и градењето на капитализамот, на несреќите што ги носат струењата што подмолно и хаотично ја менуваат реалноста со фикција, животот со илузија, вистината со лага. Се разбира, бидејќи станува збор за мемоари на глуварка кои самата ги пишува и раскажува, нараторот не прави разлика меѓу судбината на луѓето и судбината на тревките, цвеќињата, инсектите, односно сè што ќе види летајќи во прегратката на својот љубовник, во прегратката на познатиот балкански ветар Стрмец. Станува збор за уште еден роман на Миневски, кој жестоко нè соочува и со нашата, македонска стварност на трагични недоразбирања кои ги создаваат ветриштата што како глуварка не дуваат како сакаат и каде сакаат, вели Силјан.
Блаже Миневски е автор на богат прозен опус, а со голема афирмација се стекна со романите „Нишан“ и „Свици“, кои од критиката беа високо вреднувани. Добитник е на бројни книжевни награди, меѓу кои и на наградите „Рациново признание“,„Стале Попов“ и „Роман на годината“.
Романот „Мемоарите на една млечка“ на Миневски е објавен како дел од јубилејната програма на „Матица македонска“ по повод 25-годишнината од основањето на оваа издавачка куќа.
Ново на Сител
-
Кина предлагала да биде домаќин на средбата Трамп-Путин
-
Променливо облачно со повремен локален дожд, во планинските региони со снег
-
Сообраќајот по влажни коловози, снег во Маврово, Попова Шапка, Крушево
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин