Мелони по посетата на папата Франциск во болница: Тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска го посети папата Франциск во болница по што изјави дека тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор, и покрај неговата дијагноза на пневмонија и комплицирана бронхијална инфекција поради која веќе шест дена е хоспитализиран.
Taa ги изрази своите желби за брзо закрепнување на папата, во име на Владата и целата нација.
„Се шегувавме како и секогаш. Тој не ја изгубил својата смисла за хумор“, посочи Мелони.
Таа е првиот потврден надворешен посетител за кој се знае дека го посетил папата, освен неговите секретари и медицинскиот тим, од неговиот прием на 14 февруари во болницата „Агостино Џемели“ во Рим, каде за него има апартман на 10-тиот кат.
Ватикан соопшти дека папата Франциск, на кого му бил отстранет дел од едното белодробно крило како млад човек, станал од кревет и јадел по мирната ноќ, еден ден откако тестовите потврдија дека има пневмонија во двете белодробни крила, покрај астматичен бронхитис.
Ново на Сител
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
-
Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“
-
Просечната нето-плата во декември 43 587 денари
-
Тошковски: Јасен е ставот на Владата за разрешувањето на Коцевски