Бизнис
18. January 2016 - 20:20

Мелничарите бараат итни мерки за излез од кризата

Мелничарите бараат спроведување на итни мерки за заштита на мелничката индустрија. Субвенции од 2,5 денари по килограм откупена пченица, увезеното брашно да не се пушта во промет доколку е поминат рокот на важење на маркиците, како и контрола на квалитетот на домашното и увезеното брашно во акредитирани лаборатории  се некои од барањата . Посочуваат дека компаниите подолг период работат со загуби, а најголем проблем им претставува евтиното увезено брашно.

Според податоците од Стопанската комора во изминатите 4 години за 30 % е зголемен увозот на брашно. Најмногу се увезува од Србија. Лани за 11 месеци увезени се над 40 500 тони, односно надминат е увозот од  2014.