Меланија Трамп работела како модел без работна виза
Меланија Трамп, сопруга на американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, како модел во САД заработиле над 20 илјади долари и пред да добие работна виза.
Детали за тоа се појавија последните денови од изборната кампања, во која Трамп зазеде цвртст став против законите за миграција и кон оние кои ги кршат, јави Тајнуг.
Меланија Трамп, родена во Словенија, претходно изјави дека прв пат дошла во САД на 27 август 1996 година, со виза Б1/Б2, која овозоможува привремен престој, а во октомври истата година добила и работна виза Х-1Б.
Таа во март 2001 година добила зелена карта’, а американско државјанство добила во 2006 година.
Меланија Трамп постојано тврди дека во САД пристигнала легално и оти никогаш не ги прекршила условите на својот имигрантски статус. Таа своја животна приказна ја повторуваше во текот на изборната кампања за да ги поддржи антимигрантските ставови на својот сопруг.
Документите до кои дошла агенцијата АП, како што пренесува Танјуг, покажуваат дека таа како модел била платена 20.056 долари за десет работи меѓу 10 септември и 15 октомври 1996 година, иако во тој период нејзината виза дозволувала само престој во САД и барање работи, но не и работа за плата.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје