Свет
29. May 2016 - 18:42

Меланија Трамп најверојатно ќе добие улица во родниот град

Градоначалникот на Севница, Среќо Оцвирк не ја исклучува можноста да биде именувана улица по Меланија Трамп, во знак на благодарност поради промоцијата на нејзиниот роден град.

- За тоа се уште размислуваме, но во иднина би можело да се случи. Севница има уште многу заслужни граѓани кои немаат своја улица, но Меланија за промоција на Севница и на Словенија направи многу, посочи Оцвирк.

Тој додаде дека во градот доаѓаат странски телевизиски екипи и снимаат репортажи за некогашната манакенка која се омажи за Доналд Трамп.