Мексико Сити е градот со најмногу бесплатни ви-фи станици
– Мексико Сити, главниот град на државата со 128 милиони жители, е „најповрзаниот град во светот“ во однос на бројот на бесплатни и јавни точки на безжичен пристап, објави Гинисовата книга на рекорди.
Сертификатот и беше врачен на градоначалничката Клаудија Шејнбаум, која би можела да стане првата претседателка во историјата на Мексико на изборите во 2024 година.
Мексико Сити, дом на 9,2 милиони луѓе, има 21.500 јавни и бесплатни места за поврзување на Интернет, изјави портпаролот на Гинис за Латинска Америка Карлос Тапија на церемонијата кај споменикот на Ангелот на независноста во центарот на градот.
Тоа е награда за политиката „право на интернет за сите“, рече Шејнбаум, мислејќи на сиромашните семејства кои не можат да си дозволат претплата.
Мексико, 15-та по големина економија во светот, има 55 милиони сиромашни или 43,9 отсто од населението, 3,8 милиони повеќе отколку во 2018 година, покажуваат владините бројки.
Ново на Сител
-
Утре протести поради загадениот воздух
-
Анализа: Mожат ли македонските институции да се справат со овогодинешниот снег и евентуални поплави?
-
Интензивните врнежи од дожд предизвикаа одрони на повеќе патни правци на истокот
-
Најмалку 6 вработени ја напуштиле Онкологија за половина година, а клиниката се уште чека нови вработувања
-
Ѓорѓиевски: Кандидатурата за Скопје ќе значи добивка и за Кисела Вода и за сите скопјани
-
Средба на лидерите на ВЛЕН
-
Учениците учат само за оценка
-
Преглед на вестите од свет