-->
-->
Мексико отфрла закани на Трамп за финансирање ѕид по границата меѓу двете држави
-->
Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието изјави синоќа дека неговата држава нема да плаќа за ѕидот што новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има намера да го гради на границата меѓу двете држави.
– Очигледно е дека има несогласувања за прашањето со следното американска влада. Мексико нема да плаќа за изградба на таков ѕид, но сметаме дека имаме добри односи, изјави Пења Нието.
Според него, Мексико повеќе би инвестирал во безбедност по границата, но не во ѕид. Изјавата беше дадена по прес конференцијата на Трамп на кој тој повтори дека Мексико ќе го компензира градењето на ѕид меѓу двете држави „во една или друга форма“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата
-
Претежно сончево и потопло
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии