Мексико ги повика своите граѓани во САД да останат спокојни
Властите во Мексико ги повикаа вчера своите граѓани кои живеат во САД да останат смирени и најави отворање на итна телефинска линија, реагирајќи на намерата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ги депортира илегалните мигранти.
- Сонароднику, минуваме низ моменти на несигурност. Биди спокоен, не одговорај на провокации и не дозволувај да те измамат. Владата на претседателот Енрике Пења Нието и сите Мексиканци се со тебе, повика во видео порака, објавена на интернет, мексиканската министерка за надворешни работи Клаудија Руис Масиеу.
Таа ги поздрави 11-те мерки, кои ќе бидат преземени од мексиканската амбасадата и 50-те конзулати во САД за „информирање, придружување и заштита“ на мексиканските мигранти, во случај на евентуално дејствување на американските миграциски власти по официјалното стапување на должност на Трамп во февруари.
Мексиканските власти ќе отворат и деноноќна телефонска линија, на која ќе се одговараат прашања поврзани со миграциските мерки или за соопштување на инциденти и „било каква злоупотреба“.
Според официјалните податоци, во САД се наоѓаат 11 милиони мигранти без право на престој, од кои повеќето се Мексиканци. За време на предизборната кампања, Трамп изјави дека околу три милиони мигранти, кои имаат криминално досие, ќе бидат депортирани или затворени.
Ново на Сител
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
-
Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“