Мексиканците не го сакаат Доналд Трамп во Мексико

Соопштението дека претседателскиот кандидат на Републиканската партија на САД Доналд Трамп ќе престојува денеска во посета на Мексико, предизвика бурни протести и негодувања во домашната јавност.
Социјалните мрежи се исполнети со пораки во кои се бара Трамп да не доаѓа, како и дека тој не е добредојден во Мексико, по навредливите изјави што кон земјата и кон Мексиканците ги даваше на почетокот од предизборната кампања.
Поранешниот мексикански претседател Винсенте Фокс, изјави дека посетата на Трамп е непотребна, затоа што таа ништо не може да промени и затоа што нема враќање назад по се она што тој го има изречено за сметка на соседната држава и нејзните луге.
„Навредливите изјави и навредливото однесување кон Мексиканците, муслиманите и другите, те поставија во дупка во која и сега се наоѓаш.Затоа збогум Трамп„- напиша на Твитер, поранешниот претседател Фокс.
Најголемиот број од Мексиканците бараат од Трамп јавно да им се извини, за навредите и ја осудуваат одлуката на сегашниот претседател Енрике Пена Њето, што воопшто го повика американскиот претседателски кандидат.
Политички експерти оценуваат дека изненадувачката покана од Њето до Трамп, обајцата ги става во незгодна ситуација .
Според експертите, сега ситуацијата е или Трамп ќе се извини,но со тоа ризикува да му се налутат оние во САД кои ја одобруваат неговата реторика и политика кон мигрантите, или претседателот Њето ќа ја загуби подршката што се уште ја има кај Мексиканците.
Доналд Трамп предизвика хневна реакција во Мексико, но и во САД и низ светот, со најавите дека ако стане претседател, ќе изгради ѕид по границата меѓу двете земји, како и дека ќе ги протера мексиканските илегални имимигранти.
Во своите говори на митинзите низ САД тој ги обвинуваше Мексиканците дека се криминалци и силувачи, предизвикувајќи го и папата Франциско, невообичаено за него, да реагира на грубата реторика на еден кандидат за претседател на САД.
Во сегашната фаза на американаката изборна кампања, Трамп забрзано настојува да поправи се што може да исправи во своето досегашно однесување, а посебно неговата во политиката кон миграцијата и етничките заедници во Америка.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
