-->
-->
Мекларен ќе користи мотори на Мерцедес до 2030
-->
Осумкратниот светски првак во конкуренција на конструктори во Формула 1, Мекларен, ќе продолжи да го користи моторот на Мерцедес до 2030 година, откако двете страни објавија денеска дека ја продолжиле соработката за уште четири години.
Мекларен соработува со Мерцедес од 2021 година, а со новиот договор ќе стане првиот купувач на брендот според новите прописи за погонските единици кои стапуваат на сила во 2026 година.
Мекларен и Мерцедес соработуваа од 1993 до 2014 година, по што британскиот тим ги користеше моторите на Хонда од 2015 до 2017, а потоа и на Рено од 2018 до 2021.
Мерцедес во Формула 1 ги снабдува со мотори и Вилијамс и Астон Мартин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
