Мекејб водел белешки за Трамп, тврдат американски медиуми
– Неодамна отпуштениот заменик директор на ФБИ Ендрју Мекејб има лични белешки за контактите со американскиот претседател Доналд Трамп кои се проследени до канцеларијата на специјалниот oбвинител, јавуваат американски медиуми.
Тие белешки се слични како оние што ги имаше и отпуштениот шеф на ФБИ, Џејмс Коми и може да се најдат во истрагата на специјалниот обвинител за врските на кампањата на Трамп со Русија.
Американски медиуми јавуваат дека за белешките на Мекејб дознале од личност директно запозната со ситуацијата која барала анонимност.
Мекејб поднесе оставка на својата функција во ФБИ на 30 јануари. Планираше да се пензионира в недела, на својот роденден, со целосни бенифиции. Но, сега кога е отпуштен дел од неговата пензија или дури и целосната пензија може да бидат загрозени.
Пораншениот директор на ФБИ, Џејмс Коми нагласи синоќа дека американскиот народ наскоро ќе може да му укаже на Трамп кој е чесен, а кој не е.
– Господине претседател, американскиот народ многу скоро ќе ја слушне мојата приказна и тогаш самите ќе пресудат кој е чесен, а кој не е, напиша Коми на Твитер.
Следниот месец се очекува да биде објавена книгата на Коми под наслов „А Higher Loyality“. Трамп го смени Коми од функција во минатиот мај
Ново на Сител
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
