Меј: Не е можно да се организира втор референдум за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е невозможно да се организира втор референдум за Брегзит пред датумот за напуштање на ЕУ – 29 март следната година.
– На прашањето за втор референдум, сметам дека е важно да почитуваме волјата на британскиот народ, изјави таа пред британскиот Парламент во одговор на прашање од пратеник.
– Но, јас би замолила да се има предвид и тоа дека не би било можно да се организира референдум пред 29 март следната година. Тоа би значело продолжување на чл. 50, одложување на Брегзит или напуштање на Унијата без договор, појасни Меј.
Британскиот министер за животна средина Мајкл Гоув формално го поддржа договорот кој го постигна Меј со Брисел. Во одговор на прашањето дали би поддржал пратениците кои сакаат Британија да го преземе норвешкиот модел, Гоув истакна пред парламентарна комисија дека според него веќе постигнатите договори се најдобрата опција за земјата.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Мечка со две мали мечиња се фатени на камера на пат во Маврово
-
Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано
-
Судир помеѓу Автомобил и мопед во Скопје, едно лице со тешки повреди
-
Голема полициска акција на подрачјето на Скопје за сузбивање на улично дилерство на дрога
-
ВМРО-ДПМНЕ: 15-ти ден хирургија не функционира
-
Таксист добил срцев удар додека превезувал патник откако му се слошило удрил во дрво
-
Германија го олесни влезот на работници од земји вон ЕУ, двојно зголемен бројот од Западен Балкан