Меј: Лондон нема да ја плати сметката на ЕУ без конечен договор за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Лондон ќе ја исплати предвидената сума за „разводот“ од меѓу 40 и 44 милијарди евра на Европската унија, само доколку биде постигната конечна согласност за начинот на кој Велика Британија ќе излезе од ЕУ.
Меј беше критикувана во дел од британската јавност за договорот постигнат минатата недела, откако заврши првата рунда разговори меѓу Брисел и Лондон.
Парите што Велика Британија треба да и ги исплати на ЕУ се за веќе преземени обврски од идните буџети на Унијата.
Преговорите продолжуваат за низа други прашања, па според Меј, можно да не биде постигнат финален договор за Брегзит.
- Доколку не се договориме за идното партнерство, понудата веќе не е на маса, изјави Меј.
Британската премиерка ја бранеше и одлуката за усогласеност на регулативите, која беше потребна за да се избегне воведувањето контроли на границата меѓу Република Ирска и британската област Северна Ирска.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта