-->
-->
Меј: Ги разгледуваме следните чекори со сојузниците
-->
- Британската премиерка Тереза Меј денеска соопшти дека ќе ги разгледа следните чекори заедно со своите сојузници, откако Русија соопшти дека ќе протера 23 британски дипломати од земјата во врска со скандалот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, за што Лондон ја обвини Москва, која категорично ги демантира таквите тврдења.
- Нема да толерираме закана за животот на британските граѓани на територија на Британија од страна на руската Влада, изјави Меј на форумот на Конзервативната партија во Лондон.
Според анонимен извор од руското Министерство за надворешни работи, на Британците ќе им биде дадено време за затворање на конзулатот во Санкт Петербург, а датумот ќе биде одреден согласно меѓународните норми.
Русија денеска донесе одлука да прогласи 23 британски дипломати за „персона нон грата“, како одговор на протерувањето на ист број руски дипломати од Британија. Тие ќе треба да ја напуштат Русија најдоцна за една недела.
Властите во Москва одлучија да го затворат и Британскиот совет во Русија.
Русија има право да преземе и други мерки против Лондон доколку Британија направи уште некои непријателски чекори кон Москва.
Скрипал и неговата ќерка и понатаму се наоѓаат во критична состојба по труењето се нервен гас на 4 март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација