Mej: Ако договорот за Брегзит не помине во Парламентот, тоа ќе предизвика нестабилност
Британската премиерка Тереза Меј предупреди дека ако договорот за Брегзит не помине во британскиот Парламент, тоа ќе предизвика поголема поделба и несигурност.
Ова предупредувања Меј го упати преку Радиото 5 на Би-Би-Си. В недела на самит во Брисел, се очекува ЕУ и Велика Британија да го финализираат договорот за Брегзит и политичката декларација за идните односи меѓу двете страни. Потоа Тереза Меј треба да добие одобрение од Парламентот. Но, тоа е неизвесно поради противењето на голем број политички партии, дури и на пратеници од нејзината партија.
– Тој договор е најдобар договор, кој одговара на праксата, на она за што гласаа луѓето на референдумот за Брегзит во јуни 2016 година, рече Меј.
-Мојата работа сега е да ги убедам луѓето во Парламентот, додаде таа.
-Ако договорот не помине таму, ќе се вратиме на местото каде што започнавме. Ќе се најдеме во ситуација на уште поголема несигурност и поделба, предупреди Меј.
Премиерката одби да каже дали ќе поднесе оставка ако Парламентот не го прифати договорот. Таа призна дека е разочарана од оставките на неколкуте министри, кои не се задоволни од нацрт-договорот. Меј, исто така, рече дека добива и пораки за поддршка на договорот. Како израз на поддршка, таа кажа дека добила цвеќе, па дури и торта со нејзиниот лик на врвот, направена од 9-годишно девојче.
Тереза Меј утре оди во Брисел на состанокот со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд