Балкан
14. September 2015 - 8:35

Меимаракис: Јас ќе бидам премиер на Грција

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија Евангелос Меимаракис синоќа изјави дека има намера да биде премиер ако неговата партија победи на изборите на 20 септември.

На тричасовна прес-конференција во Солун, Меимаракис истакна дека ако Нова демократија победи в недела, прво ќе и се обрати на Сириза и Алексис Ципрас, за да разговараат за формирање коалициска влада.

- Се разбира дека ќе бидам премиер, и секако дека ќе им се обратам на други партии ако Ципрас не е заинтересиран, рече лидерот на Нова демократија.

Резултатите од анкетите објавени во изминтите три дена покажуваат дека Сириза и Нова демократија се уште се многу блиску по проценти, помалку од една недела пред одржување на изборите.