Македонија
13. јуни 2024 - 16:46

Мехмедовиќ: Епидемијата на голема кашлица ќе трае до крајот на годината

До крајот на годината ќе трае епидемијата на голема кашлица, прогнозира доктор Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести. Се уште неделно се регистрираат по 40-тина случаи и се хоспитализираат заболени деца, а само во Скопје има 7000 нецелосно вакцинирани.

- Да имавме можност да ги вакцинираме децата по редовниот календар на имунизација ќе имаа и подобар имунитет и навремено вакцинирани и ќе имавме помал број на случаи. Сега имаме флуктоација пред некое време имавме по 20 тина случаи неделно, а последните 2-3 недели имаме по 38-40 заболени неделно и оваа состојба ќе трае до крајот на годината, изјави д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.

Што се однесува до заразата со морбили по првиот регистриран случај годинава во струшко Лабуништа, од КЗБ велат дека добро е што опфатот на вакцинација во овој крај е висок, а невакцинирани биле само 5-6 деца.

- Според ова нема да има разгорување на ширење на вирусот во овој регион, вели д-р Мехмедовиќ

Последен пат епидемија на морбили во земјава имаше пред 5 години со околу 2000 случаи, а 4 деца починаа.