Македонија
6. July 2021 - 16:45

Мехмедовиќ: До крајот на летото нов бран со индискиот сој

Според експертите по јавно здравје се поизвесно е дека кон крајот на летото во Македонија ќе имаме нов бран на коронавирусот во кој ќе доминира делта сојот поради брзото ширење на оваа мутација која потекнува од Индија.

Интензитетот на четвртиот бран ќе зависи од тоа какви мерки ќе има и колку од населението ќе биде имунизирано, смета доктор Злате Мехмедовиќ.