Македонија
18. August 2019 - 16:37

Меѓусебни обвинувања и прашања помеѓу опозицијата и власта за случајот „Рекет“

По повеќе од еден месец срамна истрага за рекет, ВМРО-ДПМНЕ вели дека не очекува расчистување на случајот ниту по распитот на шефицата на СЈО. Опозициската партија прашува дали причините што истрагата тапка во место е дирекната вмешаност на високи партиски функционери меѓу кои и портпаролот на владејачката партија.

Костадинов пак и денеска инсистира јавноста да добие одговор дали опозициската партија е изворот на аудио снимките за Рекет кои се објавуваа преку италијански медиуми.

Христијан Мицковски одбегнува да одговори на прашањата што му ги поставуваме, се крие зад статуси на социјалните мрежи, се крие и зад својот генерален секретар, патем осомничен во предметот „Дизајн“. На ВМРО-ДПМНЕ не му било јасно зошто јавноста се прашува дали Мицкоски се гледал со Никола Груевски, со новинарот од Италија, со други луѓе од Словенија, зошто прашуваме за неговите линкови.

Важно е граѓаните да ја знаат вистината. Важно е граѓаните да знаат за поведението на Христијан Мицкоски и неговите вистински намери. Ако Мицкоски се фали кога се гледа со Орбан, редно е да се пофали и за средбите со останатите со кои се гледа. Зошто не ги кажува?

Редно е да каже со кого се видел? Кога и каде? Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа?

Информациите ги негира и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Јанушев во неделното интервју за Радио слободна европа вели дека неговата партија ниту комуницира со италијанскиот новинар кој ги објавуба снимките, ниту пак поседува било какви докази за Рекет.

Многу повеќе информации за истрагата јавноста очекува по распитот на Катица Јанева во вторник, но и детали и за тоа што точно се случуваше изминативе денови во зградата на СЈО. По наводната наредба на Јанева за претрес на специјалните обвинители при влез и излез од обвинителството, најреволтираната меѓу обвинителите Фатиме Фетаи најави дека информацииите ќе ги сподели со јавноста по утрешното судење за Титаник 3.