Свет
11. May 2017 - 15:16

Меѓународна конференција за Сомалија во Лондон

Во Лондон денеска започна Меѓународна конференција за помош на Сомалија, која е погодена од суша поради која милиони нејзини жители се соочуваат со глад, јави ДПА. 

Главна тема на конференцијата е обезбедувањето меѓунардона хуманитарна помош за населението и поддршка на властите и армијата во борбата против тероризмот и во заштитата на човековите права. 

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека на Сомалија во текот на оваа година ќе и биде потребна дополнителна помош во износ од 900 милиони долари. 

- На над шест милиони лица им е неопходна хуманитарна помош во услови кога околу 275.000 неухранети деца се изложени на ризик од глад, посочи Гутереш во обраќањето на собирот.

Британската премиерка Терезе Меј пак посочи дека нестабилноста во Сомалија предизвикува негативни последици за целиот свет. 

- Преедизвиците во Сомалија имаат негативно влијание врз сите нас, Ако Сомалија остане база на терористички групи, како ИД и Ал Шабаб, ако пиратите продолжат со преземање меѓународни трговски бродови во Индискиот Океан и ако милиони луѓе бидат принудени да ги напуштат своите домови бегајќи од сушата и гладта, тоа ќе создаде нестабилност за целиот регион и целиот останат свет, истакна Меј на конференцијата.