Меѓународна конференција за мигрантите
Во Министерството за надворешни работи (МНР) денеска ќе се одржи Меѓународна конференција за мигрантите на тема: „Европските вредности и безбедносните ризици за справување со мигрантската и бегалска криза - перспективата на граѓанското општество“.
Конференцијата се реализира во партнерска соработка на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР, Европското движење на Република Македонија и Фондацијата Конрад Аденауер, поддржани и кофинансирани од фондот за соработка на Централно европската иницијатива (ЦЕИ).
На конференцијата ќе се обратат амбасадорот Абдулкадар Мемеди, директор на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика-МНР, проф. д-р. Милева Ѓуровска, претседател на Европското движење во Република Македонија, Јоханес Д. Раи, официјален претставник на Конрад Аденауер во Скопје, како и претставници од националните совети на Европските движења и од организациите на граѓанското општество од 17-те земји членки на ЦЕИ и од Германија, Грција и Турција, трите земји најмногу погодени од мигрантската криза.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор