Меѓународна конференција за европските вредности за иднината на земјите од ЈИЕ

Меѓународната младинска конференција на тема „Европски вредности за иднината на Југоисточните европски земји” почнува денеска во Крушево.
Конференцијата е во организација на Младински сојуз – Крушево, во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Република Северна Македонија и Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје, како и поддршката од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа преку Германската амбасада во Скопје.
Конференцијата 17. пат традиционално се одржува во Крушево, Северна Македонија, а ќе биде отворена вечерва со обраќање на Методија Стојчески, претседател на Младински сојуз – Крушево, Томас Герберих, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија и Лидија Димова директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
На конференцијата ќе присуствуваат педесет и осум активни младински лидери од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Италија, Германија, Косово, Црна Гора, Романија, Србија, и Турција, кои ќе дискутираат во Крушево за тоа како младите лидери можат да го поддржат процесот на евроатлантска интеграција на регионот.
Конференцијата ќе резултира со препораки и предлози за промоција на европските вредности, насочени кон лидерите и младите луѓе од регионот.
Ново на Сител
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
