Македонија
2. September 2016 - 8:36

Меѓународна конференција за богомилското движење

Во Охрид денеска ќе се одржи меѓународна конференција „Богомилство без граници“ која се организира во рамки на проект на Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науки.

На конференцијата најавено е учество на професори од Македонија, Бугарија и Велика Британија. На отворањето ќе се обратат проф. д-р Маја Ангеловска - Панова од Институтот за национална историја во Скопје и академик Васил Ѓузелев од Бугарската академија на науките.

Проектот „Богомилство без граници“ што го реализираат МАНУ и БАН е дизајниран за историско и културолошко проследување на богомислтвото сфатено како универзална продобивка. Од македонска страна во проектот се вклучени академик Блаже Ристевски, проф. д-р Маја Ангеловска - Панова и проф. д-р Вера Стојчевска - Антиќ.