Меѓународна конференција „Нутрикон 2015“
Во Скопје денеска и утре ќе се одржи меѓународната конференција за квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам „Нутрикон 2015“.
Најавено е учество на преку 150 научници, истражувачи, експерти, компании, владини и невладини организации, консултанти и индивидуалци од Европа и од целиот свет кои работат во областите на производство, преработка, квалитет и безбедност на храна, исхрана, здравје, нутриционизам, хигиенско инженерство и дизајн, иновативни технологии, нови трендови во прехранбената индустрија.
Состојки и додатоци во храната, структура на храна, адитиви, витамини, фортикикација на храна, нутритивна физиологија, производство и преработка на храна, прехранбено инженерство и одржливост, клиничко здравје и исхрана, анализи на храна, микробиологија, хемија и биохемија на храна, сензорни својства на храна и ИТ науки, квалитет и безбедност на храна, јавно здравје и нутритивна епидемиологија, микробиолошки, хемиски, физички опасности, анализа на ризик, јавно здравје и исхрана, прехранбена биотехнологија, нови биопроизводи, функционална храна, потрошувачи, ќе бидат само некои од темите на конференцијата.
„Нутрикон 2015“ се организира во соработка со Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (ЕХЕДГ), Иницијативата за глобална хармонизација (ГХИ) и Спрингер, а е акредитирана од Лекарската комора на Македонија и Стоматолошката комора на Македонија.
Ново на Сител
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово