Меѓународна истражувачка конференција организира НБРМ
Во организација на Народната банка на Република Македонија, денеска и утре во Скопје ќе се одржи Петтата меѓународна истражувачка конференција на тема: „Преносни ефекти од економскиот и финансискиот циклус: преиспитување на домашните и прекуграничните канали и одговорите на политиките“.
Како што соопшти НБРМ, конференцијата, којашто традиционално се организира по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија, а годинава е во знакот на одбележувањето и на 70 години од централнобанкарските активности во Република Македонија, на едно место ќе ги спои истражувачите од академската заедница и институциите носители на политиките и ќе обезбеди дискусија заснована врз истражувања и совети коишто се релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот.
Во рамки на настанот ќе биде доделена и редовната Годишна награда на Народната банка за најдобар труд во областа на макроекономијата од млад истражувач.
Ново на Сител
-
Што изборите во ЕУ ќе значат за Македонија?
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија
-
Дарко Костадиновски нов претседател на Уставен суд
-
Дарко Костадиновски нов претседател на Уставен суд
-
Новото мнозинство подготвено го чека мандатот
-
Формирани потребните комисии за реорганизација на министерствата
-
Лога и се пожали на меѓународната заедница