Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци
Четиринаесет уметници селектирани од државните ликовни академии во Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб, Љубљана, Сараево и Софија ќе учествуваат на деветтата меѓународна графичка работилница „Софија“, што од денеска до трети септември годинава ќе се одржува во Богданци.
Ментор на работилницата ќе биде Игор Чабраја, редовен професор на Академијата за ликовни уметности во Загреб.
Од Здружението на граѓани „Графичка работилница „Софија“ Богданци“, кое е организатор на работилницата, информираат дека нејзината цел е на младите и талентирани автори да им се овозможи размена на искуства и можност за реализација на нивните дела. Поради условите во кои се работи, според нив, графиката како техника е помалку застапена во целиот регион.
Завршната изложба ќе се одржи на трети септември во галерискиот простор на печатница „Софија“ во Богданци. Во текот на наредните неколку месеци, традицинално во Музејот на Град Скопје ќе се одржи и триенале на кое ќе бидат изложени делата создадени од учесниците на графичката работилница во последните три години.
Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година. До сега низ неа продефилираа над 140 графичари од целиот регион. Улогата на ментори ја имаа истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“