Македонија
17. September 2015 - 9:11

Меѓународен конгрес за „Образованието и глобализацијата“ во Охрид

Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“-Скопје во соработка со Педагошкиот факултет од Тракискиот Универзитет во Едирне - Турција, Педагошкиот факултет од Тракискиот универзитет во Стара Загора - Бугарија и Учителскиот факултет од Универзитетот во Загреб - Хрватска, организираат Меѓународен конгрес на образование на тема „Образованието и глобализацијата“ во Охрид.

На учесниците на десеттиот Конгресот ќе им се обрати ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски.

Во рамки на Конгресот во недела во Скопје ќе се одржи Меѓународна научна конференција од полето на физичкото образование на тема „Основи на моторичката писменост во раниот детски развој“.

На конференцијата ќе учествуваат научни работници од Европа и Азија, меѓу кои има и академци.