Македонија
25. August 2017 - 11:00

Меѓународен фолклорен студентски фестивал во Карпош

На плоштадот „Делфина“ во скопската населбата Влае, синоќа почна 38-миот Меѓународен фолклорен студентски фестивал, што го организираат КУД „Мирче Ацев“ и општина Карпош.

Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

- Ми претставува огромно задоволство, што нашите културно-уметнички групи, но и  фолклорните групи од соседството, како и од другите европски земји се тука, да ја презентираат и пренесат својата автохтона етнокултурна традиција, рече Јакимовски.

На фестивалот учествуваат културно- уметнички групи од Македонија, држави од соседството и Европа. На синоќешното отворање пред публиката, покрај македонските играорци, со свои танци и традиционални ора, се претставија и културно –уметничките друштва од соседна Бугарија, како и од Полска.