-->
-->
Меѓународен ден на Ромите
-->

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одбележи со настан насловен „Предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија“ во организација на Здружението на граѓани „Ромаверзитас“.
Како што е најавено, претседателот на Владата, Зоран Заев и заменик на претседателот задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе имаат свои воведни обраќања.
Предвидено е и обраќање на Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија и наНадир Реџепи, извршен директор на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ).
Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април официјално е прогласен во 1990 година на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска. На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром. На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања