Меѓу новогодишните украси во Рига и нацистички симбол
Дел од новогодишната декорација во летонската престолнина Рига е и најпознатиот нацистички симбол - свастика. Иако требало да симболизира снегулка, на прв поглед е јасно дека е нацистички симбол, кој се појави во понеделнкот во центарот на Рига.
Иако голем број Летонци беа шокирани од глетката, градочалникот на Рига Милс Усаковс, не гледа проблем во декорацијата и за локалнит емедиуми изјав дека не ни размислува да ги отстрани проблематичните симболи.
Ова не е првпат симболи типични за нацистите да се појават во Летонија. На тревникот на официјалната резиденција на летонскиот претседател Раимондс Вејонис во мај оваа година се појави свастика, што тогаш беше објаснето дека градинарот кој ја косел тревата сакал прво да ги отстрани деловите пожолтени од сонцето, па одлучил да направи симбол во тревата кој во овој дел на светот симболизира среќа и виталност.
И играчите на летонскиот хокеј тим Динамо - Рига во 2013 година истакнаа свастика за време на традиционалиот танц со кој почнуваат натпреварите, поради што нивните гости од Русија остро протестираа.
Ново на Сител
-
Расчистена кражба во Гостивар
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата