Меѓу бегалците во Грција забележан раст на хепатитот А
Нови девет случаи на мигранти заразени со хепатит А се регистрирани во центарот за бегалци во областа Кукуш, во северна Грција, информира електронското издание на грчкиот весник „Прото тема“.
Пациентите се на возраст меѓу шест и 21 година. Девет од нив се лекуваат во болницата во Кукуш, пренесува БТА.
Во текот последните три месеца меѓу бегалците во Кукуш е забележан раст на заболените од хепатит А. До овој момент нивниот број изнесува 38 од вкупно сместените 1. 300 лица во прифатниот центар.
За сериозноста на ситуацијата покажува и фактот дека во текот на минатата година во цела Грција беа регистрирани вкупно 15 случаи на хепатит А.
Ова ја покажува и неспособноста на здравствените власти за преземање на превантивни мерки, како на пример вакцинација на бегалците, коментира „Прото тема“.
Со месеци наназад десетици илјади мигранти се блокирани во Грција.
Во исто време на островите во Егејско Море и натаму пристигнуваат уште бегалци.
Последните податоци покажуваат дека бројот на бегалци, сместени во прифатните центри на грчките острови Лезбос, Самос и Хиос изнесува над 11.800, информира весникот „Етнос“. Само во последното деноноќие на овие острови пристигнале 122 мигранти.
Ново на Сител
-
Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор