Свет
23. јуни 2016 - 17:23

Меѓу 20 и 50 ранети во напад на вооружен маж во кино-комплекс во Германија

Меѓу 20 и 50 луѓе се ранети според првични информации, откако вооружен маж отвори оган во кино-комплекс во германскиот град Фирнхајм, во близина на Франкфурт.

Според Билд и Франкфуртер алгемајне цајтунг, напаѓачот е совладан.

Вооружениот маж упаднал во кино-комплексот попладнево и се забарикадирал внатре.

Очевидци слушнале истрели. Според весникот Дармштетер ехо, ранети се меѓу 20 и 50 луѓе. Телевизијата Ен-24 јави дека нападот е извршен во комплексот Кинополис.