Меган се појави со исфлекана блуза, тоа не ја спречи да се појави со широка насмевка на лицето
Меган Маркл и принцот Хари им се вратија на службените должности по шест недели пауза. Тие го посетија Високиот комесаријат на Канада во Лондон, а поради еден детаљ сите гледаа во Меган.
Имено, војвотката од Сасекс при споменатата посета покажа дека и таа е „од крв и месо“. Иако блескаше во долго кафеаво здолниште, вниманието го привлече флека од пот под пазувите.
Сепак војвотката тоа не ја спречи сето време да биде насмеана.
Дали не ја забележала незгодната дамка или само не дозволи нешто такво да ја кочи, не е познато, сепак не може да и се оспори тоа што уште еднаш блесна во совршено модно издание.
Принцот Хари за оваа прилика облече класичен син костум, и тој како и неговата сопруга не ја симнуваше насмевката од лицето. Се шушла дека причината за тоа би можело да биде и тоа што двојката чека второ бебе, но кралското семејство засега мудро молчи за тоа.
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја