Меџити: ВРЕДИ е легитимен победник, време е Ахмети да се повлече

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, по првичните резултати од локалните избори, изјави дека ВРЕДИ е легитимен победник во мнозински албанските општини и дека очекува победа уште во првиот круг во Чаир, пред противкандидатот од НАИ, Бујар Османи. Во своето обраќање, Меџити упати и директен повик за оставка до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценувајќи дека „гласот на Албанците го испратил во политичка пензија“.
- На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет, да им честитам за победата во Пласница, додека во другите општини убедливо води ВРЕДИ. Во Чаир сме да ја прославиме победата на ВРЕДИ уште во првиот круг. Тие посакуваа да се мериме во Чаир и Тетово, и таму убедлива победа ќе издвојува ВРЕДИ, како и во други општини доаѓаат резултати дека ВРЕДИ е легитимен победник, рече Меџити.
Посочи дека очекува победа во четири до пет општини уште во првиот круг, и водство во поголемиот дел од албанските општини на државно ниво.
- Сакам да напоменам дека нема цензус во Врапчиште, додека во Гостивар е на граница да нема цензус, дополни Меџити.
Тој побара оставка од лидерот на ДУИ Али Ахмети.
- Денес, со срце полно со гордост и благодарност, сакам гласно и јасно да кажам, вечерва Албанците победија, а вечерва една политичка класа се пензионираше. Честитки за победата, честитки за пензионирањето на политичките противници. Вечерва му се обраќам на мојот политички противник, Али Ахмети, со целосно почитување и јасност – ова е моментот кога мора да поднесете оставка. Гласот на Албанците ве испрати во политичка пензија, посочи Меџити.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
