Меџити со порака до колегите од влада: Здравството е сензитивно, сите ќе бидеме пациенти
Заострена и засилена комуникација меѓу здравство и финаниси за трајно вработување на здравствените работници со договор на дело. И на вчерашната владина седница имало жестока расправа, Меџити инсистирал, а Бесими не дава пари. Разговорите меѓу министерствата и фондот продолжуваат и деновиве. Министерот за здравство е категоричен дека нема да дозволи компромис туку ќе настојувал до Нова година околу 2000 сестри, лаборанти, технички кадар кои со години работат за 12.000 денари месечно и без здравствено осигурување да добијат решенија на неопределено.
-Овие се судбини на луѓе и на Влада пред една недела и вчера им кажав дека нема да направам компромис како министер за здравство со никого и до крај ќе издејствувам за овие лица да бидат вработени со трајни решенија. Членовите на Владата да си удрат во главата и да знаат дека здравството е пред се, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.
Фатмир Меџити освен за “договорците “предлага и трајно вработување на приватните специјализанти, кои најчесто по завршувањето си одат од државата, а болниците и клиниките остануваат без кадар.
-Сакам и овие да ги вработиме за да утре немаме миграција на здравствени работници т.е. на лекари и да ги задржиме и да го ублажиме во регионалните градови и места кај што имаме дефицит,
Според министерот за здравство ова е едно од решенијата да се спречи одливот на готов кадар во странство.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар