Медведев: Веќе нема да важат никакви правила во војната против нацистичкиот режим во Киев

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност и поранешен претседател на Русија Дмитриј Медведев изјави дека никакви правила не треба да важат за Киев, обвинувајќи ја Украина за сè поинтензивни напади врз руските градови.
-Со оглед на масовните напади на непријателот врз нашите градови, чиј интензитет се зголемува и очигледно ќе продолжи да се зголемува, време е отворено да се каже дека повеќе нема правила за неонацистички Киев и дека не може да има, напиша Медведев на својот канал на социјалната мрежа Maкс.
Тој додаде дека за Русија постои само една линија што не смее да се премине, а тоа е намерното уништување на цивили.
-Нагласувам: намерно, односно свесно и насочено. Сè друго е сосема дозволено, без оглед на тоа како Зеленски и неговата подла европска поддршка се обидуваат да го прикажат тоа, вели Медведев.
Тој, исто така, ја доведе во прашање релевантноста на меѓународните правила на војување.
-Патем, Хашките конвенции за законите и обичаите на војувањето исто така треба да завршат во таа категорија. Тие повеќе не се потребни. Војните премногу се променија во последните сто години, напиша Медведев.
Според него, некогаш не било вообичаено да се киднапираат или убиваат водачите дури и на непријателски земји, ракетите и беспилотните летала ги заменија поранешните методи на војување.
-Тогаш, бомбите се фрлаа од балони, а денес тоа го прават ракетите и беспилотните летала. Затоа повикувањето на клаузулата rebus sic stantibus е сосема соодветно, заклучи Медведев.
Клаузулата „rebus sic stantibus“ во меѓународното право го означува принципот според кој обврските можат да престанат да важат ако околностите врз кои се засновале значително се променат.
МИА
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен по објавата на оставката на Кир: Благодарение на вас, безбедноста во Европа и Украина се зголеми
-

Кремљ: Оставката на Стармер веројатно нема да го промени непријателскиот став на Велика Британија кон Русија
-

Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари
-

Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер
-

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони
-

Мбапе за неговиот 100. настап за Франција: Ништо не е поважно од националниот тим
-

Мицкоски: Очекувам бензините да поевтинат за 2,5 до 3 денари, а дизелот за 7
-

Мицкоски: Цените на основните прехранбени производи треба да се намалат, оправдување и изговори не прифаќам, во спротивно ќе преземеме мерки
