Медведев се појави: Прашањето за Крим затворено

Прашањето за присоединувањето на Крим кон Русија е затворено и времето покажа дека таа одлука била правилна, изјави рускиот претседател Дмитриј Медведев во интервју за словенечко „Дело“ пред посетата на Љубљана, јави ТАСС.
- Прашањето за Крим е навистина затворено и го затворија пред се самите жители, решавајќи за својата судбина на 16 март минатата година, рече рускиот премиер и напомена дека населението на полуостровот гласало со апсолутно мнозинство за враќање кон Русија.
- Обидите на оние кои некогаш го подготвија отцепувањето на Косово од Србија без каков и да е референдум, да го поставуваат под сомнение слободното изразување на народот на Крим е лишено од секаква логика, тие се просто апсурдни, смета Медведев.
За жал САД и ЕУ „го искористија изборот на жителите на Крим како предлог за серија антируски мерки, вклучувајќи прекин на билатералните контакти во повеќе области, воведување нелегитимни економски санкции против наши компании и банки“, додаде тој.
Во интервју Медведев изрази надеж дека „Вашингтон ќе се врати на прагматичните позиции“, но додаде дека „санкционата инерција“ може да се задржи во САД за долго време.
Во однос на ЕУ тој изјави дека санкциите на унијата против Русија не ја постигнале целта и ги удриле како бумеранг оние кои ги вовеле, причинувајќи загуби на европскиот бизнис за десетици милијарди евра.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
