Медведев: Русија тежнее да води мирољубива политика

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека ако Турција соборила советски авион за време на СССР би добила минимум сериозен соодветен напад, пренесува БТА.
- Директно ќе кажам. Ако нешто слично (на инцидентот со рускиот авион Су-24, соборен од Турција во ноември 2015 година) се случило на пример во советско време, најверојатно ќе почнеше сериозен конфликт. Ако не, не дај боже, некаква сериозна војна, би бил преземен соодветен напад. Одлуката на Москва покажува дека курсот на Русија, во таа смисла, е апсолутно мирољубив , истакна Медведев во интервју за „Тајм“.
Тој додаде дека Русија на ниту еден начин не одговорила воено на соборувањето на рускиот авион од страна на Турција, туку била принудена да одговори со ограничување на политичката и економската соработка со Анкара.
- Со нападот врз рускиот авион Су-24 Турција не се изложи само себе си туку и целата Северноатлантска алијанса. Тоа е многу неодговорно. Многу нешта зависат од одлучноста на раководството на НАТО да влијае на најзагрижените земји-членки на Алијансата, која провоцираат конфликти со други држави. Тоа на крај краишта е прашање на дисциплината во Алијансата. Ние прекрасно разбираме како завршуваат таквите работи, посочи Медведев.
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
