Медведев: Добивте тоа што баравте
Во врска со вчерашниот руски напад со суперсонична балистичка ракета врз Украина, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност, на платформата „Х“ напиша „добивте тоа што баравте.
„Значи, тоа е тоа што го баравте? Па, проклето тоа и добивте! Напад со хиперсоничен балистички проектил“, напиша Медведев, заедно со објавеното видео од нападот.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија, како одговор на нападите на американските и битанските ракети со долг дострел, истрелала нова балистичка ракета со среден дострел „Оревокршачка“(Оrešnik) на украинска територија, за која, како што рече, современите системи немаат начин да се спротивстават.
„Како одговор на употребата на американско и британско оружје, руските вооружени сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, рече Путин.
Тој објасни дека со ова е тестиран најновиот руски ракетен систем со среден дострел, во овој случај хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје, која руските ракетни научници ја нарекоа „Оревокршачка“.
Ново на Сител
-
Скопје: Запленета голема количина кокаин со проценета вредност од 10.000 евра
-
„BioCosmos“: Фабриката „Mirana“ не е зафатена, пожарот избувна од гром
-
500 луѓе и 120 возила на собир по полноќ во Струга, одземени 5 возила поради бучава
-
Сиљановска - Давкова: Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза и навредување
-
Поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари | ВИДЕО
-
На „Табановце“ уапсен Германец, запленета е марихуана
-
Измени во Законот за тутун за заштита на домашното производство: Забранет е увоз додека трае откупот
-
Најмногу дожд во Крива Паланка