Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе им дозволи на селекторите во своите репрезентации за претстојното Европско првенство во Германија да повикаат 26 фудбалери, тројца повеќе од сегашниот лимит, објавија денеска британските медиуми.
Како што објави Скај, Националниот комитет за натпреварување на УЕФА на состанок одржан во понеделник одлучи да им дозволи на селекторите да доведат уште тројца играчи, по предлогот на некои селектори да се зголеми бројот на играчи поради згуснатиот натпреварувачки распоред оваа сезона и можните повреди.
УЕФА и на претходното Европско првенство во 2021 година, дозволи проширување на списокот играчи за ова натпреварување, по пандемијата на коронавирус, а како што објави Скај, се чини дека тоа отсега ќе стане норма за репрезентативните натпреварувања на УЕФА.
Одлуката сè уште не е официјално донесена, бидејќи мора да ја одобри Извршниот комитет на УЕФА, но според извештаите, се очекува тоа да биде формалност и да биде потврдено до крајот на оваа недела.
Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Ново на Сител
-
Искроено краткорочно и долгорочно решение за срушениот потпорен ѕид кај Детската клиника
-
Мицкоски утре до Собранието ќе го поднесе составот на новата Влада - Гласање викендов
-
Од први септември градежните компании ќе работат по европски стандарди - Ќе поскапат ли становите?
-
Младите со акција за заштита на Охридското Езеро од отпад
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив