-->
-->
Мечкаровски ќе го суди дербито Вардар – Работнички
-->

Димитар Мечкаровски ќе биде главен арбитар на претстојниот дерби натпревар од Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Работнички.
Интернационалниот судија Мечкаровски ќе ја предводи петорката судии кои во недела ќе бидат на теренот на арената „Филип Втори’’. На Мечкаровски ќе му помагаат линиските судии Дејан Неделкоски, Гоце Петрески, како и Константин Влахо и Дарко Стојчевски кој ќе бидат во улога на дополнителни судии. Делегат на натпреварот ќе биде кавадарчанецот Тони Шалев.
Дерби дуелот од 6.коло во ПМФЛ, Вардар – Работнички ќе се игра во недела со почеток од 15 часот и 30 минути, термин во кој ќе започнат и уште три средби, а во кои ќе играат: Силекс – Ренова, Победа – Брегалница и Шкендија – Македонија ЃП, додека натпреварот Шкупи – Пелистер ќе се игра ден порано, во сабота.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
