-->
-->
Ме удри три пати, па ме извлече од автомобилот да ме дотепа: Потресна исповед на љубовницата на Халид Муслимовиќ
-->
Жената која го пријави пејачот Халид Муслимовиќ дека ја претепал кон крајот на јули во Бања Лука, тврди дека тие двајцата се во врска три години и дека добила ќотек кога барала да и врати 94.500 евра.
Соња Башиќ приложила и писмен материјал, кој по нејзините зборови докажува дека му давала пари, како и заеднички фотографии, како и оние на кои таа има модрици.
-Со Халид почнав да се забавувам во ноември 2015 година, кога беше во Австралија на турнеја. Му помогнав да опстане, бидејќи е во тешка ситуација, има хипотека. Му помагав околу тој кредит, но и децата да му се образуваат на факултет во Бањалука, како и за снимање на неговите песни и спотови-изјавила таа.
-Три пати ме удри со рака преку уста, па го запре автомобилот, излезе и дојде до мојата врата. Со раката ме фати за коса, ме извлече и јас паднав на земја. Удрив со десниот колк на камен. Го прашав: Халиде, зошто ме удараш, а тој почна со другата рака да ме удра во вилицата- го опишала таа настанот од пред некој ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството