МД „Илинден“: Во Албанија ниту имало, ниту има Бугари
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, во име на сите Македонци во Албанија го осуди барањето на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во ЕП за признавање на бугарско малцинство во Република Албанија.
- Категорично ги отфрламе тврдењата на бугарските претставници во ЕП, дека во Албанија има Бугари, зашто тоа е груб фалисфикат на историјата и вистината. Во регионите Голо Брдо, Преспа и Гора, како и на цела територија на Република Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така и ќе остане, стои во реакцијата на „Илинден“
Македонско друштво „Илинден’“, стои понатаму во реакцијата, ги осудува активностите на бугарската држава, во обидите за фалсификат на историјата.
- Бугарија продавајќи бугарски пасоши на Македонците во Албанија, кои се приндени на тоа поради екстремната сиромаштија и безизлесната ситуација во која се наоѓаат, се обидува вештачки да создава Бугари во Албанија, а коисвесна е дека ги нема, посочува друштвото.
Тоа бара од албанската и од македонската влада, да го осудат овој чин на бугарските претставници во ЕП и да побараат Македонците од Албанија да не бидат злоупотребувани за стопирање на патот на Албанија кон интеграциските процеси кон ЕУ
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија