МД „Илинден“ го честиташе празникот Успение на Пресвета Богородица
По повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо, упатија честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Албанија, во Македонија и насекаде во светот.
Во честитката се наведува дека празнувањето на успението на Богородица значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата.
На овој голем празник, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и на огранокот, Или Халилај, со силата на свето име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Јаневска: Можно е враќање на старата концепција за основно образование
-
Приватните превозници ќе ги паркираат автобусите
-
Судскиот совет смета дека распуштањето не е добар чекор
-
Мизрахи: Укинувањето на економските директори го укина дуализмот во здравството
-
Чибишев: 18 луѓе незаконски работеле работеле на Токсикологија
-
Повторно отворена подрачната канцеларија на МЗШВ во струмичко
-
Пациентите со механичка поддршка на срцето бараат поголем ангажман од државата