МД „Илинден“ бара граничниот премин Џепиште -Требиште да функционира 24 часа
Македонско друштво „Илинден” – Тирана и огранокот за Голо Брдо бараат од владите во Скопје и во Тирана, граничниот премин Џепиште – Требиште во близина на Дебар да функционира 24 часа.
Во соопштението на друштвото се наведува дека повеќе од неопходно е овој премин, кој е отворен во мај 2013 година, да функционира 24 часа.
– Владите на Македонија и на Албанија на заедничката седница одржана во Поградец на 15 декември 2017 година донесоа одлука граничниот премин Џепиште – Требиште да работи 24 часа. Ако овој граничен премин работи 24 часа тоа ќе биде од голема полза за жителите на Голо Брдо бидејќи сега работи со ограничено време и создава проблеми во комуникацијата и патувањето за Македонија. За нив поблиску е да патуваат до Дебар, отколку до најблискиот албански град Пешкопеја. Под итно бараме да се реши овој голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо, пред да дојде зимскиот период,кога областа со денови е завеана во снег и единствен најблизок излез е токму овој премин па тешко болните се носат во болницата во Дебар, се вели во соопштението.
Се додава дека со ова ќе им се помогне на Македонците од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, а и поголем број туристи ќе ја посетуваат областа Голо Брдо.
Граничниот премин за локален граничен сообраќај Џепиште – Требиште работи од 8 до 20 часот во летниот период и од 8 до 18 часот во зимскиот период.
Преминот е наменет пред се за жителите во пограничните зони на двете држави, а од 2014 по изградбата на асфалтен пат и од албанска страна, може да се патува и со моторни возила.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден