-->
-->
Мбапе: Сакам да испишувам историја со Реал
-->

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ги искажа впечатоците од синоќешниот реванш против Манчестер сити (3:1) во плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Дваесет и шестгодишниот Французин комплетираше хет-трик, погодувајќи во 4., 33. и 61. минута.
Реал Мадрид победи и на првиот натпревар со 3:2 и се пласираше во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.
-Сакам да испишувам историја со овој клуб и овие соиграчи. Баер или Атлетико во 1/8 финале? И двете екипи се тешки, но јас би го претпочитал Атлетико за да заштедиме време на патувањето, изјави Мбапе по натпреварот со Сити.
Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи утре (21 февруари).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат
-

Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот на Албанија
-

Силно невреме го зафати вчера Кочани, делови од градот останаа без струја
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Ставен под контрола пожарот во Преспа кој навлезе во Националниот парк Пелистер
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
