Мазиер: Има нов осомничен за нападот на божиќниот пазар во Берлин
Министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезиер потврди денеска дека постои нов осомничен за нападот на божиќниот пазар во Берлин.
Тој изјави дека од полноќ е распишана потерница за осомничениот.
– Тој е осомничен, и не мора да значи дека е извршител, изјави Мезиер.
Информациите за лицето и статусот за престој, не ги коментираше минстерот.
Медиумите во Германија од утрово јавуваат дека осомничен за нападот е Тунижанец, чии документи се пронајдени во камионот, со кој беа убиени 12 луѓе и 48 повредени.
Германската полиција почна денеска голема акција за претрес на просторот во местото Емерих на Рајна во покраината Северна Рајна Вестфалија.
Според германски медиуми, околу 150 полицајци учествуваат во акцијата за потрага по осомничениот за нападот на божиќниот базар во Берлин.
Според претходни информации, осомничениот Тунижанец Анис Амри бил пријавен дека е сместен во камп за азиланти во Емерих.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест