Живот
19. November 2018 - 10:33

Мажот ја одведе Маргарита во шумата, и ги стави рацете на трупец и и ги пресече со секира: Сега таа стравува за својот живот

Во декември 2017 година, мажот Маргарита Грачева ја одведе во шума и со секира и ги исече дланките.

„Ме одведе во шума, на осамено место. Ми рече да ги ставам рацете на труп. Плачев, врескав, го молев. Ми нареди да го тргнам погледот и почна да ми ги сече шаките, рече Маргарита.

Нејзиниот случај го зајакна стравот на активистите за ублажувањето на руските закони, кои се однесуваат на насилство во семејството, може да ги охрабри насилниците.

Месец дена пред сопругот да ја нападне со секира, и се заканувал со нож.

„Го зеде ножот и го допре до мојот врат“, наведува Маргарита.

На почетокот на декември го затворија случајот. Три дена подоцна, ја одведе во шума и и ги отсече дланките.

Сега нејзиниот поранешен сопруг Дмитриј Грачев е обвинет дека ја киднапирал, и се заканувал со смрт и и нанел тешки телесни повреди. Исто така е лишен и од пристап до нивните деца.

Признал дека и ги отсекол дланките на Маргарита.

Докторите повторно и ја сошија левата рака. Операцијата траела 10 часа.

Луѓето ширум светот до сега донираа 57.338 евра, за Маргарита да добие бионичка десна рака, која моментално се наоѓа на скапа репарација во Германија.

„Моите деца не знаат што се случило. Мислат дека сум доживеала незгода. Многу им е тешко. Не знам како да им објаснам. За мене би било најдобро да отидеше на доживотна робија. Тогаш би била безбедна. Кога би живеел во близина, би претставувал опасност за мене и за децата, вели таа.

Дмитриј Грачев е осуден на 14 години затвор.